Стратегија и Акционен план

СТРАТЕГИСКИ ПЛАН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ПЕРИОДОТ 2024-2029 ГОДИНА 

Изработката на Стратегискиот план на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за период 2024-2029 година е иницирана од страна на актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова. Целта на нејзината изработка и усвојување е повеќекратна.

Стратегискиот план претставува документ во кој се дефинирани стратешките правци, области и приоритети во научно-истражувачките дејности на Универзитетот.

Основа за креирање на Стратегискиот план претставува посветеноста на наставната и научно-истражувачката дејност, како и јакнењето на општествениот, интелектуалниот, научниот, социоекономскиот, уметничкиот и културниот капацитет на земјата, и подобрувањето на меѓународната позиција и препознатливост на Универзитетот. Креирањето е спроведено следејќи ги главните Европски развојни документи во областа на високото образование и научно-истражувачката дејност: „Европска стратегија за зајакнување на високообразовните институции за иднината на Европа“ (Европска Комисија, април 2022), „Поврзување на високото образование, истражувањето, иновациите и општеството: Трасирање на патот за нова димензија во Европското високо образование“ (Европска Комисија, јуни 2021), „Пакт за истражување и иновации во Европа“ (Европска Комисија, ноември 2021), како и „Визијата за универзитети без ѕидови до 2030“ (Асоцијација на Европски универзитети, 2021).

Во Стратегискиот план се дефинирани
- 5 основни стратегиски области:
  • Настава и студенти;
  • Наука, иновации и уметности;
  • Меѓународна соработка;
  • Финансии и развој;
  • Општествената улога и позицијата на УКИМ во општеството, и
- 3 области за поддршка на процесите:
  • Дигитализација на УКИМ и подготовка за дигитална трансформација;
  • Финансиска, кадровска и функционална автономност;
  • Поддршка на развојот на административниот кадар.

Во рамките на овие стратегиски области се утврдени стратегиски активности за нивно реализирање.

Реализирањето на Стратегискиот план ќе овозможи УКИМ да ја задржи својата лидерска позиција во високото образование во Република Северна Македонија, како и постојано да ја унапредува својата позиција на меѓународно ниво.



АКЦИОНЕН ПЛАН НА УКИМ ЗА ПЕРИОДОТ 2024–2029 ГОДИНА  

Акциониот план за реализација на стратегиските области е изработен во согласност со главните стратешки определби на УКИМ и ги дава насоките за операционализација на документот Стратегиски план на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2024-2029 и Програмата за работа на ректорот на УКИМ.