Мисија на Универзитетот

МИСИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ 

Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”

Мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како што тоа е изнесено уште при давањето на основните податоци за институцијата во точката 0.2, е тој да биде:

  • автономен, научен, високо­образовен универзи­тет, кој обез­­­­бе­­­дува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите;
  • универзитет посветен на негувањето и на интерна­ционалната афирма­ција на традиционалните обележја и вредности на маке­дон­скиот народ (македонскиот јазик, историјата, литера­ту­ра­та и култура­та) и, истовремено, на негувањето на култур­ните вредности на другите етнички заедници во РМ;
  • универзитет отворен за сите студенти врз основа на ед­нак­вост и резултати, без разлика на нивното идео­лошко, политич­ко, етничко, културно и социјално потекло;
  • универзитет кој ја усогласува својата академска понуда со потребите на свое­то социјално опкружување и е во постојан дина­мичен однос со него;
  • универзитет кој креира стимулативна околина за своите вра­ботени, овозмо­жувајќи им развој на нивните способ­ности, со цел за исполну­вање на неговата мисија;
  • универзитет кој развива доживотно и континуирано об­ра­зо­­вание;
  • универзитет определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејству­вање.