|
Билтен на универзитетот |
Согласно член 132, став 5 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ” бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09 и 99/09), на веб-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се објавуваат рефератите за избор во наставно-научни, научни и соработнички звања, рецензиите за подобност на темата и оспособеноста на кандидатот за вршење научна работа, прегледите на одобрените докторски дисертации, прифатените магистерски и специјалистички теми, рецензиите на учебници и учебни помагала, како и рефератите за доделување на звањето почесен професор и титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
|
|
Македонски фонтови |
Поради усогласеност и униформност на текстовите кои се
објавуваат во Универзитетскиот билтен потребно е материјалите за
објавување да се доставуваат како Microsoft Word 2003 документи во кои
исклучиво ќе се користи системскиот фонт Georgia. Овој фонт содржи
богато множество на кирилични (македонски, српски, руски), латинични (со
различни видови на надредени знаци), грчки и други знаци. Варијанта на
овој фонт (како и неколку други фонтови) со корегирани знаци во италик
формата за македонските букви ‘д’, ‘п’, ‘т’, ‘г’ може да се симне од
линкот подолу. Исто така, приложено е и софтверско решение со кое може
да се испрограмира тастатурата на персонален сметач кога работи под
Windows (2000, XP, Vista и 7) оперативниот систем при притискање на
копчето ‘`’ во македонска поддршка следено од соодветната самогласка ‘е’
односно ‘и’ (голема или мала буква), да се добие знакот ‘ѐ’ или ‘ѝ’
(голема или мала буква
соодветно).
Инсталација на
софтверот
1.
Се стартува програмата setup.exe. Оваа програма инсталира на системот
дефинијата на распоред на копчиња на тастатурата која е идентична со
системската за македонска поддршка со тоа што дополнително се дефинирани
и карактерите `е' и `и ' со надредени знаци 2а
(Windows XP). Се активира Start->Control Panel
->Regional and Language Options при што се отвора нов прозор. Во
него се избира Languages јазичето и се клика на копчето Details при што
се отвора нов прозор кој се вика Text Services and Input Languages. Во
Settings јазичето на овој прозор во делот Installed Services под FYROM
Macedonian keyboard треба да остане само Macedonian. Се притиска неколку
пати на OK копчето. 2б (Windows 7). Се
активира Start->Control Panel ->Region and Language при
што се отвора нов прозор. Во него се избира Keyboards and Languages
јазичето и се клика на копчето Change Keyboards при што се отвора нов
прозор кој се вика Text Services and Input Languages. Во General
јазичето на овој прозор во делот Installed Services под Macedonian
(FYROM) keyboard треба да остане само Macedonian. Се притиска неколку
пати на OK копчето. 3. При инсталацијата на
приложените фонтови потребно е пред да инсталираат на стандарден начин
да се избришат веќе постоечките Georgia фонтови (тоа се 4 фонт
датотеки). При бришењето треба претходно да затворат сите програми кои
евентуално го користат фонтот (фонтовите) бидејќи во спротивно бришењето
нема да заврши успешно и системот ќе врати грешка дека фонтот е во
употреба (се
користи).
МК
тастатура и корегирани фонтови
|
|
|