|                                             
                                            
                       
                     
 
 Со цел спречување на корупција во академската заедница во приложената Нацрт-политика за спречување на корупција на Универзитетот определени се обврските и должностите на Универзитетот, како и на единиците во неговиот состав и на вработените вклучително наставниот, соработничкиот и административниот кадар на Универзитетот. 
 - Универзитетот презема обврска за спроведување на политика на нула-толеранција кон корупцијата, се обврзува да постапува професионално и чесно, со интегритет и да имплементира систем на заштита од мито и корупција.
 - Универзитетот е посветен кон примена на највисоките стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Својата дејност ја извршува одговорно и отчетно, врз основа на законите и Статутот на Универзитетот, како и Етичкиот кодекс на Универзитетот. 
 - Универзитетот има обврска да им обезбеди можности на студентите, вработените и други лица за заштитено внатрешно пријавување.
 - Универзитетот изработува и имплементира систем за детектирање и пријавување на корупција. 
 - Универзитетот соработува со медиумите со цел обезбедување на отвореност и транспарентност на својата работа.
 - Универзитетот целосно ги применува механизмите за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица.
 - Универзитетот спроведува тренинзи за своите вработени со цел нивна обука за запознавање со механизмите за справување со корупција и запознавање со нивните обврски во таквите околности.
  Нацрт политиката и другата приложена документација е изработена во рамките на проектот „Универзитет без корупција“ кој со учество на претставници на Универзитетот се реализира од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација во Скопје со поддршка на Амбасадата на САД во Р Северна Македонија.Овластено лице за прием на пријави од укажувачи:Александра ДоневаСметководител/самостоен референт за сметководствени работи (02) 3293-273 a.doneva@ukim.edu.mk  
					
					 |