Соопштенија

Соопштение за заинтересираните учесници 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ УЧЕСНИЦИ
КОИ НА СВОЈ ТРОШОК САКААТ ДА ЈА СЛЕДАТ НАСТАВАТА  НА
ЗИМСКАТА И ЛЕТНАТА ШКОЛА НА
МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА ПРИ УНИВЕРИЗТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
     
Учесници на Зимската и Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје може да бидат и лица кои наставата ќе ја следат на свој трошок.
Учесниците на Зимската школа кои ја следат наставата на свој трошок плаќаат надоместок од 6.000,00 денари на сметката: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, трезорска сметка: 100000000063095, Банка на примач: НБРСМ, сметка 160010368978818, приходна шифра и програма: 723119-41.
Учесниците на Летната школа кои ја следат наставата на свој трошок плаќаат надоместок од 15.000,00 денари на сметката: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, трезорска сметка: 100000000063095, Банка на примач: НБРСМ, сметка 160010368978818, приходна шифра и програма: 723119-41.