Претседател на
   Универзитетски сенат



Проф. д-р Сашо Еленчевски

Сегашен ангажман:
  • вонреден професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  • раководител на Центарот за компјутерска проверка на знаењето на Стоматолошкиот факултет во Скопје;
  • раководител на Клиниката за стоматолошка мобилна протетика при ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје;
  • претседател на Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика при Македонското стоматолошко друштво (МСД);
  • член во Советот за трет циклус студии по стоматолошки науки при Стоматолошкиот факултет во Скопје;
  • член на FDI World Dental Federation и ERO (European Regional Organization).

Поранешни ангажмани:
  • директор на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје;
  • претседател на Управен одбор на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје;
  • член на Етичката комисија при Стоматолошката комора на Македонија;
  • член на комисии за полагање на стручен испит за стекнување на лиценца за работа при Стоматолошката комора на Македонија;
  • член на Кадровски одбор на Стоматолошкиот факултет во Скопје (2017 – 2021)
  • член на Наставен одбор на Стоматолошкиот факултет во Скопје (2017 – 2021).

Издавачка дејност:
  • објавени над 60 трудови во меѓународни научни списанија;
  • коавтор на универзитетски учебник;
  • автор на монографија;
  • стручна ревизија на два странски учебника од областа на стоматолошката протетика;
  • член на Советодавниот одбор на списанието Македонски стоматолошки преглед (анг. Macedonian Dental Review).

Научна област:
  • стоматолошка протетика;
  • имплантологија.

Студиски престои и учества во проекти:
  • остварен студиски престој и поканет предавач на стручно-научни собири во земјата и во странство;
  • учесник на курсеви од областа на стоматолошката протетика и имплантологијата;
  • учесник во два научноистражувачки проекта.

Награди и признанија:
  • пофалници и благодарници од Македонското лекарско друштво, Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкиот факултет во Скопје;
  • признанија за организација на бројни стручно-научни собири со меѓународно учество (конгреси и симпозиуми).