Сооопштенија за студентите на втор циклус студии

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А 

Номинација на претставници за учество на програмата “SDGs Global LeaderJ FY2024 во рамките на “JICA Knowledge Co-Creation Program for Long Term Participants (JICA Development Studies Program)”, кој се спроведува од Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA.


 

ИКОМОС Македонија објави повик за пријавување за учество на студиска посета на тема „Пристапи во управувањето и конзервацијата на културното наследство“ која ќе се спроведе од 12 до 22 септември 2022г

Студиската посета ќе се одвива на избрани споменици/локалитети во Македонија каде како студии на случај во рамките на програмата ќе бидат опфатени културни добра кои се конзервирани со финансиска помош од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство (AFCP) на Стејт Департментот на САД, со посебен фокус на конзерваторскиот проект кој се спроведува на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола.

Посетата е наменета за студенти од Македонија и Грција (не постари од 30 години) на додипломски или постдипломски студии на факултетите од доменот на заштитата на културното наследство (архитекти, археолози, историчари на уметност, конзерватори, реставратори, градежни инженери, итн.).

Заинтересираните кандидати треба да испратат свое CV и мотивациско писмо на следната е-адреса: macedonia@icomos.org најдоцна до 22 април 2022г.
 
Повеќе организациски детали можете да најдете на интернет-страницата на следниот линк: https://rb.gy/uboce9 и во прилозите.