Истражувачка инфраструктура на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје збогатен со уште една лабораторија во својата истражувачка инфраструктура 


Лабораторијата за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки (Л-07) на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 1.9.2023 година, доби сертификат за акредитација, издаден од Институтот за акредитација на РСМ (MKS EN ISO/IEC 17025:2018) за аналитичкиот метод за определување на ацесулфам К, натриум сахарин, аспартам, кофеин, натриум бензоат и калиум сорбат во безалкохолни пијалаци.

Акредитираниот аналитички метод може да биде корисен за производителите на безалкохолни пијалаци и други прехранбени производи, инспекциските органи, истражувачите и академската заедница, како и потрошувачите. Покрај акредитираниот метод, во лабораторијата се изведуваат и други хемиски анализи кои имаат придонес во одредување на квалитетот и безбедноста на храната,

Акредитацијата е реализирана во рамките на проектот „Разработка и валидација на аналитички метод за истовремено определување на конзерванси, засладувачи и кофеин во безалкохолни пијалаци“, Раководител проф. д-р Ленче Велкоска-Марковска, а финансиран од Министерството за образование и наука на Р. С. Македонија.

Работилница на e-IRG 

E-Infrastructure Reflection Group организираше работилница, која се одржа од 1 до 2 Декември 2021 година.
 
Трите главни теми обработени на оваа работилница, се:
    а) Потреба од отпорни и реконфигурабилни е-инфраструктури,
    б) Родова рамнотежа во е-инфраструктурите, кариери во е-инфраструктури и
    в) Западен Балкан и соработката со ЕУ.
 
Работилницата на e-IRG се осврна на потребата за стабилно Европско соседство, имајќи ја предвид соработката на ЕУ со Западен Балкан, особено во областа на истражувачки инфраструктури и електронски инфраструктури (e-Infrastructures).
 
Еден од говорниците на работилницата на e-IRG, беше проф. д-р Анастас Мишев, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 
Повеќе информации овде.

 


Нови лаборатории 


Во рамките на проектот „Примена на јонизирачки зрачења во нанотехнологиите (МАК1003)“ раководен од проф. д-р Анита Грозданов,редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, финансиран од Меѓународната Атомска Агенција – ИАЕА, во периодот 2019/2021, на Технолошко-металуршки факултет е доопремена Лабораторијата за материјали и нанотехнологии.

Инсталирани се четири  нови инструменти: Електронски микроскоп со EDAX; Комбиниран Раман спектрометар со електро-хемиска единица за циклична волтаметрија и амперометрија; Комбиниран ДСЦ со ТГА до максимални 1600  С; Калориметриска бомба за изо и динамички режим.

Реализирани се 5 студиски посети на редовни професори и 6 тренинзи на помлади доценти и асистенти во лабораториите на Универзитетот во Лоџ, Полска; Универзитетот во Аликанте, Шпанија; Хачетепе Универзитетот во Анкара, Турција; и Институтот за нуклеарни науки Винча, Србија.