Отворена наука

Политика за отворена наука 

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на својата 19.седница одржана на 31 март 2022 година, ја усвои Политиката за отворена наука на УКИМ, дел  од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука.

Политиката на Отворена наука на УКИМ е начин за прокламирање на напредокот во науката и дифузија на знаења за доброто на општеството преку усвојување на разни практики на отворено, достапно, интероперабилно, репродуцирачко и одговорно истражување, како важна цел на стратешките документи на Универзитетот.

Таа е чекор кон отстранување на бариерите за споделување на секаков вид на резултати од истражувањата, во насока за подобрување на меѓународната видливост и претставување на Универзитетот како квалификуван партнер во истражувачки проекти и истражувачка област, на регионално и на пан-европско ниво.


OpenAIRE: UKIM Skopje Embracing Open Science Policy 


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е член на OpenAIRE, дел од Европската истражувачка мрежа. УКИМ е првиот Универзитет во нашата држава кој усвои Политика за Отворена Наука, дел  од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука.

OpenAIRE објави краток инфо текст за УКИМ, до кој може да пристапите преку следниот линк: https://www.openaire.eu/blogs/north-macedonia-s-first-university-embraces-open-science-policy

Ss. Cyril and Methodius University in Skopje is a member of OpenAIRE, which represents the European Research Network. UKIM is the first University in our country to adopt an Open Science Policy, part of the strategy and activities aimed at promoting the principles of open science, as well as the practices of open science.


#UKIM #OpenAIRE #OpenScience #EuropeanResearchNetwork

Емисии за „Отворена наука“ на МТВ 



Меѓународна Недела на Отворен Пристап - Open Access Week 

Меѓународната Недела на Отворен Пристап Open Access Week е глобален настан, кој е community-driven, можност за академската и истражувачката заедница да ги осознае придобивки од отворениот пристап за истражување.

Темата на овогодинешната Меѓународна недела на отворен пристап, ќе биде „Важно е како до отворено знаење: градење на структурна еднаквост“. Овогодинешната тема намерно се совпаѓа со усвоените препораки на УНЕСКО за Отворена Наука, каде Отворениот Пристап е клучна компонента. Датум на одржување: 25-31 Октомври, 2021.

„Отворената наука треба да ги опфати разновидноста на знаења, практики, работни текови, јазици, резултати од истражување и истражувачки теми, а кои ги поддржуваат потребите и епистемичкиот плурализам на научната заедница како целина, различни истражувачки заедници и научници, како и пошироката јавност, носители надвор од традиционалната научна заедница, вклучувајќи ги граѓаните и локалните заедници, општествените актери од различни земји и региони, како што е соодветно“ (Препорака на УНЕСКО за Отворена Наука, стр.7)

УКИМ го поддржува отворениот пристап на различни начини. Речиси сите списанија поддржани од УКИМ се со отворен пристап до пошироката јавност. Достапните списанија објавени од членовите на УКИМ најдете ги овде.

Проф. д-р Владимир Трајковиќ од ФИНКИ е амбасадор на УКИМ за Отворена Наука. Тој е иницијаторот УКИМ да ја потпише Берлинската Декларација за Отворен Пристап. Тој е претставник на УКИМ во OpenAIRE - AMKE и македонски претставник во Истражувачката Инфраструктура за Отворен Пристап во Западен Балкан.

NI4OS training event: Втор национален тренинг во рамките на проектот NI4OS-Europe 

Тренингот, во форма на вебинар, ќе се реализира преку платформата за тренирање развиена во рамките на NI4OS проектот.

Датум на одржување: 15ти Октомври 2021 год. (Почеток: 10:00 / Крај: 13:00)

Повеќе информации, како и можност за регистрација, на следниот линк


Националната иницијатива за отворена наука во облакот 

National Open Science Cloud Initiative NOSCI.mk

SS. Cyril and Methodius University in Skopje Member of OpenAIRE Network 

From 2020, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje has been approved as a member of OpenAIRE which represents the European Research Network.

The goal of OpenAIRE is to make science open and transparent, to provide innovative ways to communicate and monitor research, and to transform society through validated scientific knowledge. In addition, the platform enables citizens, educators, donors, civil servants and industry to find ways to make science useful to themselves, their work environment and society.

OpenAIRE has developed a network of partners over the years that houses a total of 65 European universities, research centers and institutions. The network consists of the National Open Access Contact Points (NOADs) managed by the European Support Office which supports the coordinated transition to open science.

The network provides interoperability services that connect research and enable researchers, funders and research administrators to easily embrace open science. It also links research outcomes (publications, information, software) with their creators (researchers, institutions, donors), enabling discovery, transparency, repeatability and quality assurance of research.

You can find more about the OpenAIRE network here.