|
На 14.2.2024 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа инфо-настан за COST акции. Настанот го отворија проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет и проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ.
На панелот, кој беше модериран од Руска Ивановска-Наскова, продекан за наука на факултетот, учествуваа националниот координатор за COST Александар Тутновски - МОН, проф. д-р Мира Беќар, проф. д-р Владимир Цветкоски и проф. д-р Николче Мицкоски од Филолошкиот факултет. Панелистите зборуваа за нивните искуства со акциите во кои учествуваат и за можностите за вклучување во оваа програма по која следеше дискусија.
|
|
„Може ли нестабилни општествата да поддржуваат стабилни држави - студии на случај на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија“ |
На 8 февруари 2024 година, во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа промоција на монографијата:
Can volatile societies support stable states – Case studies of Bosnia and Herzegovina, Montenegro, Kosovo and North Macedonia
Истражувачки тим од Институтот:
- Проф. д-р Петар Атанасов,
- проф. д-р Славејко Сасајковски,
- проф. д-р Панде Лазаревски,
- проф. д-р Дритон Маљичи,
- проф. д-р Драгор Заревски
Книгата е рецензирана од:
- Проф. д-р Ненад Марковиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и
- Profеssor Camelia Florela Voinea, Dept. of Public Policy, International Relations and Security Studies, Faculty of Political Science, University of Bucharest
Во текот на 2021 и 2022 година истражувачкиот тим реализираше проект под иницијален наслов „Дали нестабилните општества може да поддржуваат стабилни држави?“
Идејата за овој проект е отворање една регионална истражувачка тема која може да произведе длабинска анализа на сегашната ситуација во четири држави – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.
Целта на истражувањето е овие четири држави да се анализираат во три контекста: преку постоечките општествени конфликти, преку надворешното влијание на глобалната политика, како и преку нивните правно-политички категории.
Издавач на студијата e Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Линк до истражувањето.
|
|
Работна средба со продеканите за наука на единиците на УКИМ |
На 13 декември 2023 година во Ректоратот се одржа работна средба на
продеканите за наука на единиците на УКИМ и проректорката за наука проф. д-р
Валентина Гечевска. На средбата беа присутни и членови на Универзитетската
Комисија за наука. Follow up
на реализираното до сега и планираните идни активности, беа во фокус на оваа
работна средба.
|
|
Publishing with Open Research Europe |
УКИМ, во соработка со Open Resarch Europe, реализираше е-работилница. Со ова, академскиот кадар имаше можност да се запознае со Open Research Europe (ORE), новата платформа на Европската Комисија, за објавување со отворен пристап. Платформата им обезбедува на сите истражувачи финансирани од Horizon Europe, Horizon 2020, Euratom и COST Actions висококвалитетно место за лесно објавување на нивните резултати .
УКИМ искажува благодарност до Open Research Europe за нивната соработка.
|
|
OpenAIRE: UKIM Skopje Embracing Open Science Policy |
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е член на OpenAIRE, дел од Европската истражувачка мрежа. УКИМ е првиот Универзитет во нашата држава кој усвои Политика за Отворена Наука, дел од стратегијата и активностите насочени кон промовирање на принципите на отворена наука, како и на практиките за отворена наука. OpenAIRE објави краток инфо текст за УКИМ, до кој може да пристапите преку следниот линк: https://www.openaire.eu/blogs/north-macedonia-s-first-university-embraces-open-science-policy
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje is a member of OpenAIRE, which represents the European Research Network. UKIM is the first University in our country to adopt an Open Science Policy, part of the strategy and activities aimed at promoting the principles of open science, as well as the practices of open science.
#UKIM #OpenAIRE #OpenScience #EuropeanResearchNetwork
|
|
Macedonian Veterinary Review класифициран во ESCI на WoS |
|
|
АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА НА УКИМ |
|
|
ОНЛАЈН-ДИСКУСИЈА НА ТЕМА: РАНГИРАЊЕ - КАКО ОД ИНДИВИДУАЛНИ КРИТЕРИУМИ ДО ОБЈЕКТИВНА ОЦЕНКА
Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИс) на УКИМ во соработка со С(ц)иеста заедницата на научници родум од Македонија, организира јавен настан: „Онлајн-дискусија на тема: Рангирање - како од индивидуални критериуми до објективна оценка“
Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе претставува добра можност да се продискутира за методологиите за рангирањето на универзитетите, како и нашето место во глобалните научни трендови.
Датум: 24.2.2022 г.(четврток) во 20:00 часот, online.
|
|
|