Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс

Актуелно 

RESEARCHNET.MK

Веб-страница researchnet.mk е иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

Проектот беше претставен во февруари 2023 година од страна на членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Придружете ни се: http://researchnet.mk/


Формирање на ЦеНИИс 


Универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на својата 14.седница одржана на 28.10.2021 година, донесе Одлука за основање на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (ЦеНИИс).

Центарот ЦеНИИс претставува нов инструмент на УКИМ со:
  • Цел зајакнување на интернационализацијата и меѓународната соработка;
  • Мисија да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашите научни кадри и млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области, кои ќе придонесат кон подобрување на видливоста на Универзитетот во меѓународниот научноистражувачки екосистем;
  • Визијата на Центарот е да биде матица за научници родум од нашата држава, кои сакаат да се вмрежат и да воспостават соработка со УКИМ.

Постојани членови на ЦеНИИс се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава, и тоа:
  • проф. д-р Јадранка Стојановска, New York University, Grossman Medical School, New York, USA
  • проф. д-р Розита Димова, Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium
  • проф. д-р Петар Поповски, Aalborg University, Department of Electronic Systems, Aalborg, Denmark
  • проф. д-р Никола Стиков, Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada

Цврстата определеност на УКИМ за подобрување на својата видливост во научниот простор во Европа и Светот, се огледува и низ овој инструмент , Центарот ЦеНИИс. Идејата е да се поврзат научните сили на академската заедница на УКИМ и етаблирани и признати научници кои работаат на реномирани универзитети, ширум светот. Градејќи го своето портфолио на најстар и најдобар Универзитетот, УКИМ на овој начин се стреми да развие нов инструмент со синергетски ефект, во насока на подобрување на видливоста на Светските ранг листи на универзитети.

Е-пошта на Центарот: ceniis@ukim.edu.mk


Промоција на ЦеНИИс 


На Светскиот ден на науката, 10 Ноември 2021 година, на УКИМ, хибридно, со физичко присуство и преку видеоконференциската платформа Zoom, се оддржа Панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, на кој беше промовиран новоформираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на УКИМ.

Панелот го водеше проректорот за наука проф.д-р Валентина Гечевска, учествуваше Ректорот проф.д-р Јанкуловски, а говорници беа постојаните членови на Центарот и проректорот за меѓународна соработка проф. д-р Ордан Чукалиев.

Говорниците дебатираа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат рзлични форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, кои ќе резултираат со резултати кон подобрување на видливоста. Понатаму, кои се условите за членство и начините за мотивација на истражувачите ширум светот, со потекло од нашата држава, да се приклучат кон иницијативата на Центарот ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

На панелот учествуваа 185 присутни (16 со физичко присуство и 169 на платформата ZOOM), припадници на академската заедница на УКИМ и голем број припадници на меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот и од повеќе континенти.


Постојани членови на ЦеНИИс 

Проф. Никола Стиков, Технички универзитет на Монтреал, Институт за биомедицинско инженерство, Монтреал, Канада (Polytechnique / University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada)

Никола Стиков ги има завршено дипломските и докторските студии на Универзитетот Стeнфорд (САД), а моментално е професор по биомедицински инженеринг на Политехничкиот Универзитет на Монтреал, Канада. Неговите истражувања се во областа на квантитативната магнетна резонанса и нејзината примена во проучувањето на невродегенеративни болести. Проф. Стиков е Junior Fellow на Меѓународното здружение за магнетна резонанса во медицината и ја предводи секцијата за отворена и репродусибилна наука во склоп на здружението. Тој е исто така и член извршниот комитет на Канадската платформа за отворена невроноаука, каде што ја предводи секцијата за научно издаваштво. Во последниве неколку години Проф. Стиков е посветен на иницијативата за поефективна и координирана научна комуникација меѓу научниците родум од Македонија, a истовремено се залага и за поголема достапност на науката до пошироката јавност преку Фондација КАНТАРОТ и иницијативите С(ц)иеста и Наука за Деца.

Проф. д-р Рoзита Димова, Гент-универзитет, Институт за јазици и култури, Гент, Белгија (Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium).

Розита Димова е социјален антрополог. Работела како постдокторски соработник на Институтот за социјална антропологија Макс Планк, научен соработник на Слободниoт и Хумболт универзитетите во Берлин, и вонреден професор по студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Гент. Розита исто така е основач и постојан член на одборот на Центарот за напредни и интердисциплинарни истражувања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, Република Северна Македонија. Таа има над педесетина публикации, и е автор на Етно-барок: Материјалност, естетика и конфликт во модерна Македонија (Berghahn , 2013) и Гранична порозност: Движења на луѓе, предмети и идеи на јужниот дел на Балканот (Manchester University Press, 2021).  Откако помина долг пат во својата академска кариера - од Македонија, каде што дипломираше, преку програми за постдипломски студии на ЦЕУ во Будимпешта (Унгарија), Кембриџ (Велика Британија) и Стенфорд (САД), до пост-докторските студии и професионални ангажмани во Германија и Белгија – конечно има можност да учествува во академскиот живот во родната земја.  За својот докторат на Стенфорд, Розита ја доби престижната награда Robert Texture Award за исклучителна антрополошка креативност. Тука ја истражуваше улогата на материјалноста, естетиката, и нивните симболични ефекти врз секојдневните практики на потрошувачка, како и меѓусебната изградба на етничките, социјални и родови идентитети во Југоисточна Европа.   Во најновиот проект за границите Розита анализира на кој начин движењата на предмети и луѓе преку границите го надминуваат национализмот. Овој проект се базира на долгорочно етнографско истражување во пограничните градови во јужниот дел на Македонија (Битола и Гевгелија) кои станаа популарни дестинации каде грчките граѓани.

Проф. д-р Јадранка Стојановска, Универзитет на Њујорк, Медицински факултет „Гросман“, Њујорк, САД (New York University, Grossman Medical School, New York, USA).

Проф. д-р Панче Наумов, Оддел за хемија, Универзитет на Њујорк, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати (Department of Chemistry, New York University, Abu Dhabi, United Arab Emirates).

Д-р Панче Наумов е професор на Универзитетот Њујорк, огранок во Абу Даби, и истражувач од областа на науката на материјалите, кој води своја лабораторија во рамки на универзитетот. Откако дипломирал хемија на УКИМ, па докторирал на Институтот за Технологија во Токио и работел на Универзитетите во Осака и Кјото, веќе девет години е во Обединетите Арапски Емирати, каде што ја добил и почесната „златна виза“, која тамошната влада ја доделува како специјален статус на истакнати научници, уметници, бизнисмени и други професионалци, кои на некој начин придонеле за државата. Воедно тој е и член на Академијата на науките на ОАЕ и еден од нејзините основачи.

Проф. д-р Петар Поповски, Олборг-универзитет, Институт за електронски системи, Олборг, Данска (Aalborg University, Department of Electronic Systems, Aalborg, Denmark).

Членови на ЦеНИИс 

Проф. д-р Андреј Ристески, Оддел за машинско учење, Универзитет Карнеги Мелон, САД (Machine Learning Department, Carnegie Mellon University, USA).

Андреј Ристески е доцент во одделот за машинско учење во универзитетот Carnegie Mellon. Пред позицијата во Carnegie Mellon, Андреј беше Norbert Wiener Fellow во одделот за применета математика во универзитетот MIT, како и во институтот за Data Science и статистика (IDSS). Андреј има докторат по компјутерски науки од универзитетот Принстон, каде исто дипломира.

Неговата област на истражување се математичките и научни основи на машинско учење и вештачка интелегенција, со особен фокус на длабоко учење и невронски мрежи. Андреј редовно објавува во врвните конференции за машинско учење (NeurIPS, ICML, ICLR), како и теоретски компјутерски науки (STOC, COLT). Тој исто редовно служи на организациони и рецензентски комитети за овие конференции.

Проф. д-р Жанета Николовска-Чолеска, Оддел за патологија, Универзитет во Мичиген, САД (Department of Pathology, Rogel Cancer Center, Medical School, University of Michigan, USA).

Проф. д-р Илија Дуковски, Програма за биоинформатика, Универзитетот Бостон, САД (Bioinformatics Program, Boston University, USA).

Проф. д-р Илија Дуковски ги заврши дипломските студии на Физичкиот факултет на Универзитетот во Белград, Србија. Докторира во областа на статистичка физика, на Универзитетот на Масачусетс, Амхерст во САД. Фокусот на студиите му беше развој на Монте Карло методи за симулации и моделирање на фазни премини и критични појави. Таму работеше и како истражувач постдокторант. Следните девет години ги помина во силиконската индустрија. Во тој период беше автор на серија на патенти во областа на полуспроводници и електронски уреди. Моментално е истражувачки професор на Програмата за биоинформатика, на Универзитетот Бостон во САД. Истражувањата на проф. Дуковски деновиве се во областите на системска биологија и биофизика. Тој е лидер во развојот на програмата COMETS (https://www.runcomets.org) која служи за моделирање и симулации на колонии на микроорганизми и нивна интеракција со околината. Член е на тимот на проектот m-CAFEs (https://mcafes.lbl.gov/) при националната лабораторија Лоренц Беркли во Беркли, Калифорнија. Истражувачкиот фокус на проектот е познавањето и контролата на микроскопските организми кои живеат на корените на растенијата, со цел на развој на одржлива биоенергија.

Проф. д-р Наташа Јоноска, Оддел за математика и статистика, Универзитет на Јужна Флорида, Тампа, САД (Department of Mathematics and Statistics, University of South Florida, Tampa, USA).

Проф. Јоноска има научен интерес во математички и информатички модели на био-молекуларни процеси, посебно реорганизација и рекомбинација на ДНК, интеракции на РНК и ДНК, процесирање на информација на молекуларно ниво, процеси на само-организација и само-соединување. Методите на нејзините истражувања се базираат на дискретна математика, (тополошка/алгебарска) теорија на графови, симболишка динамика и теорија на автомати.

Проф. д-р Кирил Гаштеовски, NEC лаборатории Европа (Research Scientist at NEC Labs Europe).

Проф. д-р Зоран Шуниќ, Оддел за математика, Хофстра универзитет, Њујорк, САД (Department of mathematics, Hofstra University, New York, USA).

Проф. м-р Виолета Илиќ, Декан на библиотеки на Универзитетот Аделфи, САД (Dean of Adelphi University Libraries, USA).

ЦеНИИс: Научни трудови, објавени во научни списанија индексирани во WoS,
со афилијација на УКИМ
 

Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (ЦеНИИс), активно работи на реализација на своите цели. Ви ги презентираме најновите научни трудови, објавени во научни списанија индексирани во WoS, со афилијација на УКИМ:


За сите членови на академската заедница на УКИМ, изработен е и портал, каде може да се погледнат можностите за соработка: http://researchnet.mk/