Наука


  • На полето на научната работа, Универзитетот реализира научни проекти, теоретски и апликативни истражувања и други форми со кои се дава придонес кон развојот на научната мисла во земјата и пошироко.

  • Универзитетот преку соработка со приватниот и јавниот сектор остварува двонасочна размена на знаења и искуства, што придонесува за подигнување на нивото на севкупниот општествен развој, како и континуиран и одржлив развој на Универзитетот.

  • Во реализацијата на своите наставни и научни активности, Универзитетот негува активна соработка со високообразовни, научни, и други сродни институции од странство, заснована на принципите на рамноправност, одговорност и почитување на највисоките стандарди.

  • Оперативните цели и активности на стратегиското планирање за научноистражувачката и уметничката дејност на Универзитетот фокусирани се кон промовирање и поддршка на научната релевантност и научната/уметничка извонредност, преку унапредување на институционално ниво (единиците) и на индивидуално ниво (научноистражувачкиот и уметничкиот кадар).

  • Со сето ова, Универзитетот има за цел подобрување на интернационализацијата, видливоста и постигнување квалификација на универзитет препознаен во Европскиот истражувачки простор и пошироко.