Структура на УКМ



Уште при нејзиното проектирање Универзитетската компјутерска мрежа е замислена како ѕвездеста мрежа во чијшто центар се наоѓа темето во Ректоратот на Универзитетот како централно теме. Оваа структура, за жал, ни до ден денес не е напуштена, па така и ден денес сите 5 првични темиња гравитираат кон темето во Ректоратот каде се поврзани и останатите членки на Универзитетот. Освен тоа, со оглед на фактот дека во Ректоратот на Универзитетот се наоѓа и мрежниот оперативен центар на МАРНет кон темето во Ректоратот се поврзани и:

    * Заеднички информативен центар
    * Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"

Мрежата претставува географски дистрибуирана мрежа со упатување на ниво 3 (три), кај која базичниот преносен медиум претставува сопствена оптичка инсфраструктура. Капацитетите на врските кон темињата се ограничени на 1Gbps. Гигабитната оптичка мрежа е поткрепена со резервен радио систем кој обезбедува зголемување на надежноста на мрежата и лесно приклучување и на други корисници во реонот на град Скопје. Освен тоа за помалите корисници се користат изнајмени капацитети на локални обезбедувачи.

За зголемување на проточноста кон локалните обезбедувачи на интернет услуги постојат и директни врски со поголемите од нив.