|
Докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се координираат од Универзитетски стручен совет за докторски студии, што се формира од страна на Универзитетскиот сенат и брои 11 членови од сите научноистражувачки подрачја. Со Универзитетскиот стручен совет на докторски студии претседава проректорт за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Членови на Стручниот совет за докторски студии се:- Проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава, претседател (по функција)
- Проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука, потпретседател (по функција)
- Проф. д-р Валентин Мирчески, Природно-математички факултет - Скопје, од природно-математичките науки
- Проф. д-р Елена Думова, Градежен факултет - Скопје, од техничко-технолошките науки
- Проф. д-р Раде Русевски, Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, од земјоделски и ветеринарни науки
- Проф. д-р Бети Зафирова, Медицински факултет - Скопје, од медицинските науки и здравство
- Проф. д-р Тони Милески, Филозофски факултет - Скопје, од општествените науки
- Проф. д-р Александра Саржоска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, од хуманистичките науки
- Проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност - Скопје, од хуманистичките науки
- Проф. д-р Климентина Попоска, Економски институт - Скопје, од научните институти
- Проф. д-р Наташа Аврамовска, ЈНУ Институт за македонска литература - Скопје, од јавните научни установи, придружни членки на Универзитетот.
Составот, надлежностите и начинот на работа на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се утврдени со Статутот на Универзитетот, со актот за неговото формирање и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје:- до Ректорската управа и Универзитетскиот сенат дава мислење за студиски програми за докторски студии предложени од единиците и придружните членки на Универзитетот, кои вршат високообразовна дејност за докторски студии;
- се грижи за обезбедувањето квалитет на докторските студии;
- се грижи за поврзувањето на постојните и поттикнувањето на нови докторски студии, посебно за акредитирање студиски програми на англиски јазик;
- до Ректорската управа дава мислење за конкурсот за запишување студенти на докторски студии, врз основа на предлозите на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии;
- ја потврдува конечната листа за прием на студенти по конкурсот за студирање на докторски студии, по студиски програми;
- по предлог на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии, ја потврдува листата на слободни ментори која е составен дел на конкурсот за запишување студенти на докторски студии;
- по предлог на единиците кои ги организираат студиските програми, ја потврдува листата на изборни предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
- ја координира наставата на предметите за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
- по предлог на организаторите на студиските програми ја потврдува листата на наставници кои ја изведуваат наставата на предметите за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетската листа на изборни предмети за трет циклус студии;
- изготвува годишен академски календар за реализација на докторските студии на Универзитетска школа за докторски студии;
- определува член на Стручниот совет за докторски студии, кој припаѓа на соодветното научноистражувачко подрачје, за учество на годишните конференции;
- се грижи за реализацијата на овој Правилник, за што донесува упатства и други општи и поединечни акти;
- во соработка со единиците и придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии, води регистар на студиски програми, организатори на студиските програми, ментори, наставници по генерички знаења и вештини, запишани студенти и слично;
- изготвува соодветни анализи и до ректорот доставува предлози за унапредување на квалитетот во реализација на студиските програми за докторски студии;
- дава согласност на актот за организирање заеднички студиски програми на единиците и со други универзитети.
- ги утврдува стандардите за изготвување докторски труд и авторезиме на докторскиот труд;
- се грижи за квалитетот на докторските е студии
- врши и други работи утврдени со овој Правилник и работи што ќе му бидат доверени од Универзитетскиот сенат и од ректорот на Универзитетот.
Стручните, административните и техничките работи за потребите на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се вршат од страна на Стручната служба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
|
|
|