Евалуација

Европска програма за институционална евалуација (IEP) 

УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ПЕТТАТА НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УКИМ

  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како членка на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА), следејќи ја Програмата за институционална евалуација на Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) и насоките за спроведување самоевалуација и надворешна евалуација, во изминатиот период помина низ четири евалуациони процеси: надворешна евалуација во 2003 година, прва последователна евалуацијa во 2008 година, втора последователна евалуација во 2011 година, иницирана и поддржана од Светска банка и надворешна евалуација спроведена во 2014 година.

  Последователната самоевалуација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје претставува континуитет на самоевалуацијата изведена во периодот јануари – јули 2014 година, по која следеше надворешна евалуација реализирана од експертски тим на ЕУА во периодот септември 2014 – април 2015. Извештајот за самоевалуација е придружен со 27 прилози чија нумерација е идентична со нумерацијата на прилозите од претходниот Извештај, а содржината е ажурирана за периодот 2013 – 2016 година.

  Тргнувајќи од потребата за надворешна, објективна оцена и обезбедување континуиран развој и квалитет во сите области на дејствување, Универзитетскиот сенат, на 7. седница одржана на 31.1.2017 година, донесе Одлука за избор на членови на Комисијата за евалуација за наредниот четиригодишен мандатен период, во следниов состав: проф. д-р Влатко Стоилков од Факултетот за електротехника и информациски технологии, претседател, и членови: проф. д-р Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Митко Младенов од Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу од Факултетот за ветеринарна медицина, проф. д-р Диана Бошковска од Економскиот институт, проф. м-р Горан Трпчевски од Факултетот за драмски уметности, Ивона Петрушевска, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Виктор Блажевски, студент на Економскиот факултет и Стефан Јованов, студент на Медицинскиот факултет.

  Во рамките на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за високото образование (ЗВО) на Република Северна Македонија, Комисијата за самоевалуација на УКИМ беше задолжена за спроведување процес за самоевалуација и изработка на Извештај за самоевалуација на УКИМ, за периодот 2013/2014 – 2015/2016. Процесот на самоевалуација е изведен во согласност со структурата и содржината утврдени во насоките на ЕУА за институционална последователна евалуација.

  Координатори на целокупниот процес на евалуација се ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, четирите проректори: проф. д-р Вујица Живковиќ, за ресорот настава, проф. д-р Владимир Петрушевски, за ресорот наука, проф. д-р Билјана Ангелова, за ресорот финансии и проф. д-р Гордана Јосифова Неделковска, за ресорот меѓународна соработка.

  Евалуациониот процес на Универзитетот е спроведен во целосна соработка со единиците на УКИМ. За таа цел, за самоевалуацијата и за надворешната евалуација навреме беше информирана целокупната универзитетска заедница – наставниот кадар, административните служби и студентите. Како резултат на успешната и квалитетната подготовка, во периодот од 16 до 20 октомври 2017 година успешно заврши петтата надворешна евалуација од страна на експертски тим номиниран од Европската асоцијација на универзитети, во Брисел, во состав: Johanna Maria Liljeroos, Tampere, Finland, Borje Lennart Olausson, Asa, Sweden, Georg Schulz, Salzburg, Austria, Andree Sursock, N/A и Janis Vetra, Latvia.



Документи
  1. Извештај за самоевалуацијата на УКИМ (2016/2017, 2017/18 и 2018/2019)
  2. Извештај за надворешна евалуација од ЕУА (превод, ноември 2017)
  3. Извештај за самоевалуацијата на УКИМ (2013/2014-2015/2016)
  4. Извештај за надворешна евалуација од ЕУА (април 2015)
  5. Извештај за самоевалуацијата на УКИМ (2010/2011-2012/2013)
  6. Извештај за самоевалуацијата на УКИМ (2006/2007-2009/2010) и Извештај за надворешната евалуација на УКИМ
  7. Упатство за самоевалуција и обезбедување и оценување на квалитетот на единиците на Универзитетот


Извештаи за самоевалуација на единиците на УКИМ 

ФАКУЛТЕТИ

ИНСТИТУТИ

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ
ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ