Инфо блок

Поставена: 16-08-2024 23:15  
Во конгресниот центар на УКИМ во Охрид
ОТВОРЕНА Е 57. ЛЕТНА ШКОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТEРАТУРА И КУЛТУРА
Водејќи се од мислата на големиот македонски културен деец, идеолог, аналитичар и филолог Крсте Мисирков: „Науката и литературата се најважниот фактор во развивањето на еден народ, (...)“, истакнувајќи дека: „По степенот на развивањето на науката и литературата во еден народ се мери неговата култура (...)“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, веќе седум и пол децении развива и гради академска извонредност, која е суштински поврзана со постулатите на Мисирков. Поставените идеали за врвна наука и за највисоки стандарди во високото образование, ориентиран кон севкупен општествен и културен просперитет, УКИМ го носат на патот на континуирана посветеност на поставените цели со јасна визија за отворен, современ, интегриран универзитет на новото време, кој се развива соочувајќи се со сите предизвици кои стојат на тој пат.

Акцентот на Мисирков е ставен на зборот „развивање“: развивање на науката и литературата, развивање на еден народ. Почитувани семинаристи-македонисти, нека тој збор ви биде водилка во учењето, нека секој работен ден на Семинарот биде подем кон развој на македонистиката како јазик со длабока традиција.

Крсте Мисирков истакнува: „Да го сочува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи, да остане верен тој на духот на своите прадедовци и да уважуваат сé што имаа тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик, значи, да се откаже тој и од народниот дух.

Дел од денешното обраќање на ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова

Охрид, 16 август 2024.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје